ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратениците кои бојкотираат да се откажат од платите, реагира СДСМ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои бојкотираат и блокираат Собрание не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување, реагираат од СДСМ во врска со активната блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која започнува од денеска.

Во писмената реакција од СДСМ стои оти пратениците кои ќе ја бојкотираат и блокираат работата на парламентот треба итно да се откажат од сите привилегии, да ги донираат платите и да престанат да користат службени телефони, патувања и сè што им следува бидејќи, како што велат, тоа не го заслужуваат.

„Неодговорноста и партиската послушност кон лидерот Мицкоски ќе биде единствената работа по која ќе се памети овој пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не смее и не треба да го плаќаат граѓаните од свој џеб. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да им служат на оние од кои се избрани и платени му служат само на лидерот од белата палата“, стои во реакцијата на СДСМ.

Во соопштението од партијата додаваат оти остро ќе се спротивстават на овие блокади и ќе најдат начин како да ги донесат законите во интерес на граѓаните и додаваат дека ваквата, како што велат, антидржавна политика, себичност и негрижа ќе бидат повторно силно поразени уште на следните избори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button