ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Прекин на штрајкот со глад

По двенеделен штрајк со глад, петмина од деветте затвореници на Кумановската група најавуваат прекин на штрајкот во вторник, што се совпаѓа со датумот кога Управата за затвори вети дека ќе ги исполни нивните барања. Ова беше соопштено преку отворено писмо од затворот Шутка каде во ќелија се држат 9 затвореници од кумановската група.
Тие ги повикуваат пратениците и меѓународната заедница да преземат мерки против надлежните институции.

“Доколку немаме никаков одговор до 23 мај, ќе го прекинеме штрајкот, причината е загриженоста на членовите на нашите семејствата за нашето здравјето и за нашите животи. Сите веќе ги сфатија неправдите кои систематски ни се прават веќе 7 години“, Отворено писмо од Кумановската група

Според народниот правобранител, Насер Зибери, оваа група намерно била испратена на издржување на казната во Шутка, за да не ги добие правата што им следуваат со закон.

“Ова не може да биде причина некој да биде лишен од остварување на правата и поволностите што ги дава самиот закон. Не може Управата за затворот и таа за извршување на санкции да се повика на кривичното дело, времетраењето на казната и претпоставката дека можат да избегаат за да го одземат предвиденото право бидејќи во спротивно ќе дојдеме до ситуација овие права со закон да бидат само декларативни или украс на хартија“, Насер Зибери, Народен правобранител

Арсим Бајрами, Мусадик Пајазити, Ирфан Лутфиу, Елхам Арифи и Сабедин Абдулаи соопштуваат дека на претходната средба со директорот за спроведување санкции и директорот на затворот, им било ветено дека до овој датум ќе се обидат да ги исполни нивните барања, но засега без никакви резултати.

“После 17 дена штрајк со глад и целосна изолација, иако здравствената состојба од ден на ден се влошува и ни ги загрозува и животите, принудени сме да ви се обратиме преку ова писмо за последен пат за да го затвориме ова поглавје и ова писмо во иднина да послужи како доказ за тоа како државата нерамноправно ги третира своите граѓани меѓу етничките заедници!“,  Отворено писмо од Кумановската група

Од канцеларијата на Народниот правобранител велат дека ова е единствен случај кога не им се дава она што го заслужуваат, а не им се дава негативен одговор бидејќи тоа би било спротивно на законот. Потсетуваме дека во деновиве на штрајк затворениците кои штрајкуваа со глад имаа здравствени компликации, при што со амбулантно возило дел од штрајкувачите беа пренесени во ургентниот центар. /Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button