ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев побара Собранието да гласа за доверба на Владата

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница побара гласање за доверба на Владата. Како што кажа Заев, ова е момент да се види кој навистина има мнозинство во Законодавниот дом.

„Да го видиме на дело тоа толку најавувано наводно мнозинство од опозицијата кое наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кој ќе им покаже на граѓаните колку има вистина во зборовите на опозицијата“, рече Заев.

Премиерот се повика на член од собранискиот деловник според кој ако претседателот на владата усно, на седница, побара гласање за доверба во Собранието, гласањето се спроведува на истата седница, без расправа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button