ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога

Во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода Д.М.(20) од Скопје.

По претходно добиена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во дом на подрачјето на Центар, во кој живее Д.М., при што биле пронајдени поголемо полиетиленско пакување со марихуана и  електронска вага. Д.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Акцијата е спроведена во текот на вчерашниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button