ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Превозници блокираа улици во Куманово

Превозници на патници денеска блокираа делови од Куманово незадоволни од одлука на Советот на општината што се однесува на избор на компании за градски превоз. Превозниците денеска реагираа преку нивниот адвокат кој меѓу другото наведе дека станува збор за линиите со броеви 3,4,5 и8.

„Спорно е што беа одбиени автопревозници коишто ги исполнуваат сите услови, а беше избран еден автопревозник којшто ги немаше поднесено ниту сите документи потребни согласно јавниот оглас распишан од Општина Куманово, којшто немаше доставено возен ред. Наместо доказ дека поседува паркинг достави доказ за закуп на нива“, рече адвокатот Виктор Божиновски, додавајќи дека „правилата за игра не може да се менуваат откако ќе почне натпреварот“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button