ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Презентиран извештајот за „ПИ“ мерки, еве кој бил најмногу следен од државата

Обвинителството бележи 8,4 проценти зголемување кај употребата на посбени истражни мерки во 2019 – та во однос на 2018 година. Споредбено низ бројки, пред две годни се намалил за 43 проценти бројот на кривични дела за кои било побарано прислушување на телефони и домови или физичко следење. Во 2019 биле слушани телефоните на 161 лице. Најдолго се следеле телефонските разговори во два случаи, цели девет месеци. Најмногу обвинителството прислушувало дилери на дрога, дури во 26 случаи, додека за злоупотреба на службената положба се прислушувало само во четири случаи. За примање поткуп во еден.

„Во 18 случаи примената на мерката траела до 1 месец, во 2 случаи до 2 месеци, во 7 случаи до 3 месеци, во 3 случаи до 4 месеци, во 7 случаи до 6 месеци и во 2 случај до 9 месеци“, се наведува во извештајот на ОЈО.

Освен прислушувањето на телефоните со судска наредба, обвинителството користело и други методи – тајно следедењи и снимање, таен увид и пребарување по компјутерски системи, увид во електронски комуникации, симулирано давање и примање поткуп, како и користење на лица со прикриен идентитет и инфилтрирање во криминални групи.

Обвинителството заклучува дека има зголемување на употребата на посебни истражни мерки во 2019, сепак во однос на 2018 мерките биле поефикасни и пократко траеле.

Извештајот за тоа како и колку обвинителството прислушувало и следело осомничени за криминал, беше презентиран во Собранието пред Комисијата за надзор на спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button