ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат политичките судири околу одговорноста за трагедијата во Тетово

Премиерот Зоран Заев, вели дека нема намера да поднесе оставка поради трагедијата во Тетово. Заев вели дека не може да се повлече само затоа што Христијан Мицкоски ака да стане премиер, додека Зиадин Села вицепремиер.

Според лидеорт на македонската опозиција Мицкоски, изјавата на Заев е став на неодговорен човек.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, рече дека Заев бил за жалење.

За жалење сте премиере, власта толку многу ве заслепи што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ја прегазите. Но, не заборавајте една работа, не сме сите исти. Тешко е да се разберете зошто оставка, затоа што тоа го немате во себе. А тоа е совест, морал, а не власт – нагласи Зиадин Села, претседател на Алијансата за Албанците.

Од денот на трагедијата во Тетово, опозицијата бара оставка од Владата, особено смена на премиерот Заев и челниците на во здравство, Венко Филипче и Илир Асани. Иницијативата на опозицијата за разрешување на Филипче и Асани од Собранието не беше процесирана, поради неуставната предлог -одлука, и бидејќи е спротивна на Деловникот за работа на Собранието.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button