ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предвремена изборна кампања, Салихи: Потребни се промени

Предвремените изборни кампањи и злоупотреби на државните институции за партиски интереси, според поранешниот член на ДИК, Енвер Салихи, може да се спречат само преку измени на релевантните членови од Законот за спречување корупција.

„Раниот почеток на изборната кампања според НВО Правда е чин што не треба да го вршат политичките актери и сметаме дека ова го злоупотребува членот 34 од Законот за спречување корупција во кој се наведува дека не треба да се промовираат нови инфраструктурни и други проекти. Може само оние проекти кои се реализирани со програмата од претходната година и мислам дека во иднина ова треба да се смени и целосно да се забрани, од распишувањето на изборите да не се промовира ниту еден проект. Овој член од Законот за спречување корупција не треба да се злоупотребува во иднина“, изјави Енвер Салихи, поранешен член на ДИК.

Во последните денови евидентна е промоција на многу проекти, во повеќето од нив се забележува присуство на високи државни функционери, вклучувајќи ги и министрите, но и самиот премиер.

„Ова е повеќе во моралот на политичките актери и за ова верувам дека треба да се предложат измени на Законот, така што во иднина маркетингот да не го советуваат политичките актери кои се во владата“, рече Салихи за www.alsat.mk.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button