ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Работите ќе станат појасни кога ќе се обелодени кои се насилниците од Куманово, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, повика на смиреност на граѓаните по инцидентот во Куманово, додавајќи дека работите во врска со целиот настан ќе станеле мошне појасни кога ќе се обелоденат деталните информации за насилниците.

„Повикувам на смиреност кај граѓаните и повикувам да не ги политизираме сите овие случаи. Кога ќе излезат деталните информации, овие луѓе кои се, каде биле и кому му служеле во изминатиот период, ќе ви биде многу јасно за реакциите коишто беа до сега“, рече Спасовски.

Како што претходно објавија од МВР, вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.И.(18), Ф.А.(19), А.Д.(20), К.Г.(18), А.Т.(18), А.В.(18), А.С.(20), А.Б.(23) и Л.С.(19), сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово.
Тие се сомничат дека на 14.11.2022 на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш.(20) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button