ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Радев: Пристапот на Владата кон Северна Македонија треба да се поддржи

Предложениот пристап од Владата кон нашите соседи има потенцијал да го динамизира дијалогот и треба да биде поддржан, оцени денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, во годишното обраќање во Народното собрание, во делот за односите со Северна Македонија.

Тој рече дека постои консензус меѓу институциите за позициите утврдени во Декларацијата од Собранието за зачувување на бугарските национални интереси и позиции.

„Кога дојде до застој во исполнувањето на Договорот од 2017 година свикав средба наспроти тензичните однои со владата и постигнавме консензус за разработка на Рамковната позиција прифатена со Декларација на Собранието, со прецизирање и утврдување на бугарските интереси и позиции. Задоволен сум од фактот дека наспроти длабоките политички промени од тогаш, после Консултативниот совет на национална безбедност демонстираравме единство и последователна конструктивност по оваа важна тема. Предложениот пристап од Владата кон нашите соседи има потенцијал да го динамизира дијалогот и треба да биде поддржан“, рече Радев.

Тој ја повтори позицијата дека како претседател на сите Бугари се грижи и за правата на, како што рече, македонските Бугари, чија гаранција е еден од условите за Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

„Правата на македонските Бугари, од кои многу се и бугарски државјани, треба да бидат загарантирани со впишување во Уставот на државата паралелно со другите делови од народите. Тој акт, заедно со механизмите за искоренување на говор на омраза и зачувување на бугарското културно и историско наследство, треба да биде услов нашата согласност почеток на преговорите со ЕУ,“ порача Радев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button