ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Радиологија пренатрупана, чаре се бара по приватните болници

Радиологија пренатрупана, чаре се бара по приватните болници

Долгото чекање за компјутерски рендген на Институтот за радиологија ги тера пациентите да одат во приватни клиники каде цените се 10 пати повисоки. За закажување или читање на компјутерска томографија или магнетна резонанца се чека до еден месец. Пациентите не зборуваат пред камера бидејќи се плашат дека потоа ќе нема да ја добијат бараната услуга. Упатствата со приоритет го кочат целиот систем, тврди директорката на радиологија. Иако купиле нова опрема, немаат специјалисти радиолози.

Ходниците на Институтот се исполнети со расипана и застарена опрема. Од Министерството за здравство велат дека овој проблем ќе биде решен до крајот на годинава. Требало да се набави томографија и резонанца преку проект на Светска банка, како и да се создаде онлајн систем за контрола.

„Утврдивме дека некои од овие апарати не се функционални поради некакви дефекти или пречекорување на бројот на прегледи, во врска со ова заедно со Светска банка ќе направиме нова набавка со која до крајот на годината 12 јавни институции ќе добијат нова опрема. Во системот ‘Backs’ ќе создадеме ‘Cloud’ каде што сите снимки од сите дијагностички центри во државата ќе бидат поврзани и централно ќе ги примаат и читаат/обработуваат радиолози кои се слободни во тој момент“, изјави Беким Сали, министер за здравство.

Според податоците на платформата „Мој термин“, пристапот до секундарната здравствена заштита со приоритетни упати довело до пробивање на термините, пред се на Радиологија во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На Радиологија дневно се лекуваат над 200 пациенти, па според Министерството за здравство, долгорочното решение на проблемот би била децентрализацијата на дијагностички центри во секоја регионална болница./Alsat.mk

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button