ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Речица: Граѓаните немаат доверба во институциите,  судството со најнизок рејтинг на доверба

Речица: Граѓаните немаат доверба во институциите,  судството со најнизок рејтинг на доверба

Граѓаните не им веруваат ниту на политичарите ниту на институциите, вака оценуваат од Институтот за демократија, во последното истражување спроведена од нив. Од овој Институт велат дека граѓаните се пожалија дека политичките партии се вклучени во сите институции и нема место каде што не треба да имате  партиски врски.

“Ниската доверба кај партиите го покажува и фактот што не веруваат дека нашите политичари можат да го направат ова. Ниска е довербата кај партиите, од скала 1-10, е околу 3.4, а во друго истражување на Институтот за демократија прашавме и за политичарите и довербата е 3,2 уште пониска е на исто ниво со довербата во судството. Според мислењето на граѓаните политичките партии се вклучени во сите институции и нема место каде нема потреба да имаш партиски врски за да напредуваш, за услуги за кои имаш потреба. На скалата 1-10 тоа се армијата и верските заедници кои имаат повеќе доверба, но и тие имаат ниска доверба. Споредбено со другите институции се повисоко, од оваа бројка се гледа дека довербата во државата е тотално уништено. Довербата во институциите, во раководењето на државата каде треба да биде, луѓето не веруваат веќе. Како од јавните здравствени институции, медиумите, јавната администрација, локалната власт, претседателот, владата, собранието, тука се сите институции. Судството има најмала доверба, но другите институции се во подобра состојба споредено со судството“, рече Влора Речица, истражувач од Институт за демократија./Alsat.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button