ВЕСТИСВЕТ

Силен земјотрес ја погоди Кина, има и жртви

Силен земјотрес ја погоди Кина, има и жртви

Најмалку четири лица загинаа, а две куќи се оштетени во земјотрес што ја погоди југозападна Кина, потврдија властите и медиумите.

Уште 14 лица се повредени, од кои најмалку едно потешко, јави државната телевизија ЦТВ, пренесува АП.

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди денеска југозападната кинеска провинција Сечуан, јавија државните медиуми.

Земјотресот ја погоди областа Лушан во близина на градот Јаан во 17 часот по локално време (11 часот по средноевропско време) и е регистриран на длабочина од 17 километри, објави државната телевизија според податоци од центарот за земјотреси во Кина.

Епицентарот на земјотресот бил на 113 километри од главниот град на Сечуан, Ченгду.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button