ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средби има, напредок нема за децата од село Брњарци

Општина Гази Баба сè уште нема конечно решение дали во подрачното училиште „Крсте Мисирков“ во село Брњарци ќе може да учат и 60 албански деца од ова село кои во моментов учат во училиштата во Арачиново. Општина Гази Баба не даде никакво објаснување до каде е постапката и покрај тоа што денес се одржа уште една средба во училиштето. Директорот на училиштето во Арачиново, Азем Аки, рече дека меѓу другото се разговарало и кој ќе управува со ова подрачно училиште.

 “Подетално, тука мора да дефинираме дали училиштето ќе го водиме ние или училиштето Крсте Мисирков. Подготвени сме на сè само чекаме договор меѓу градоначалникот на Гази Баба и директорот на училиштето „Крсте Мисирков“. Започна распоредувањето на учениците од прво одделение до петто одделение, планираме и можност за комбинации од страна на нашето училиште, сме подготвени на сè “.

Во подрачното основно училиште „Крсте Мисирков“ во село Брњарци во општина Гази Баба учат 8 ученици на македонски јазик. Околу 60 други ученици кои живеат во ова село се принудени да посетуваат настава во училиштата во Арачиново, каде треба да пешачат и до 3 километри. Родителите револтирани дека на нивните деца не смеат да одат во училиштето во селото Брњарци, најавија бојкот доколку не се постигне договор.

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button