ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ССМ излезе на протест пред МТСП, министерката ги повика на средба

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска излезе пред Министерството за труд и социјална политика за да го изрази незадоволството од законските измени кои предвидуваат недела да биде работен ден во туристичките места и потсети на барањето за линеарно покачување на платите за работниците од јавниот сектор за 2 806 денари.

-Денеска и се обраќаме на министерката да ги земе работите во свои раце, нас ни требаат фамилиите нас ни треба одмор, и ние работниците сме од крв и месо и сакаме и ние тоа право да го уживаме. Ова докажува дека 2 806 денари во моментот поради зголемената ангажираност кој го овозможува овој Закон за трговија се неопходни сега веднаш, затоа министерке ви се обраќаме на вас уште утре во Владата да го поддржите предлогот за линеарно зголемување за сите работници како и враќање на изгубеното право регрес во јавниот сектор, порача претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Пред Министерството излезе и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, со цел да ја изрази отвореноста за остварување средба со Сојузот на синдикати на Македонија.

Таа потенцира дека цврсто стои зад правата на работниците и квалитетот на живот на сите работници.

-Ветувам дека како Министерство и како Влада цврсто стоиме зад социјалниот дијалог, најдобрите решенија треба да ги донесеме низ дијалог заедно со синдикатите бидејќи тоа е единствениот начин на кој треба да се бориме за правата на работниците. Ветивме дека ќе има подобрување на работничките права, ветивме дека ќе го започнеме социјалниот дијалог за носење на нов општ колективен договор и дека еднаш засегокаш ќе воспоставиме систем кој ќе гарантира постојан раст на платите на работниците во јавниот сектор. Ќе има општ колектривен договор кој ќе  дава дополнителни права на работниците во јавниот сектор, меѓутоа не ад хок решенија кои не се системски решенија и не придонесуваат кон подобрување на правата на работниците, рече Тренчевска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button