ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Струга и Охрид без професионален кадар, келнери и готвачи се пакуваат за Хрватска

Струга и Охрид без професионален кадар, келнери и готвачи се пакуваат за Хрватска

Како што наближува туристичката сезона, кај угостителите од Струга и Охрид се зголемува стравот како ќе се справат со сè поалармантниот недостиг на работна сила. Добар дел од посточекиот персонал, но и оние кои завршуваат соодветно образование, се подготвуваат да ги спакуват куферите и од март или април да заминат во Хрватска. Таму заработуваат многу поголеми плати од овдешните.

„Персонал е многу тешко да се најде од келнери до кувари и помошен персонал. Тоа е хроничен недостиг за цел регион. И тоа се профил на кадри кои не можеме да ги замениме со Непалци и други странски работници…“, изјави Насто Богоески- сопственик на ресторан.

„…Ние ќе работиме со нашиот стар персонал кој го имаме и се трудиме да го задржиме. Во последно време 20% од младите се останати во Велешта. Заминуваат во странство“, рече Гајур Каба- сопственик на хотел од Струга.

Младите емигирираат во Австрија, Германија и Швајцарија. Постарите кои веќе одамна се во Западна Европа, а кои имаат сопствени фирми таму, ги повлекуваат и веднаш им даваат работа, вели Каба.
Угостителите велат дека не се во можност тука да понудат повисоки плати, а за сегашните сметаат дека се релативно високи.

„…Иако еден келнер зема од 40.000 денари нагоре, не можеш да најдеш, иако тоа е поприлично добра плата за нас во Македонија, плус бакшиш и повторно има недостиг“, нагласи Насто Богоески-сопственик на ресторан.

Во некои од угостителските објекти во охридско-струшкиот регион веќе се вработија и лица од далечни земји, конкретно од Филипини. Други пак, се во потрага по таков кадар, но се жалат дека процедурите се долги и и сложени.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button