ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари: ДУИ е „ракот на општеството“, заслужува да оди во опозиција

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари денеска изјави дека со формирањето на новото парламентарно мнозинство кое ќе го отвори патот за формирање на новата влада, ДУИ треба да оди во опозиција. Според него, оваа партија е „ракот на општеството“ и дека со нејзиното влегување во опозиција ќе се роди нова надеж кај Албанците.

„Мислам дека ДУИ дефинитивно треба да биде во опозиција, по две-три недели мислам. Бројките што ги имаме кај повеќето политички партии кои сега се дел од владата, покажуваат дека се заинтересирани за формирање на ново мнозинство, особено без присуство на ДУИ, бидејќи мислам дека ДУИ е ракот на општеството и со заминувањето на ДУИ во опозиција раѓа надеж, особено кај Албанците“, изјави Травари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button