СПОРТФУДБАЛ

Трајковски: Oвојпат Италија нема да нѐ потцени

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за квалификацискиот дуел со Италија, со надеж дека овој мини циклус во септември ќе биде поуспешен од јунскиот.

Александар Трајковски е фудбалерот што ги урна надежите на „аѕурите“ за пласман на мундијалот со голот во 93.минута во Палермо. Тој вели дека сега Италија сигурно нема да нѐ потцени.

„За нас секој натпревар е многу важен. Мечот со Италија е еден од потешките. Знаеме против кого играме и доволно сме мотивирани. Покажавме дека можеме, зошто тоа да не го направиме и на домашен терен. Треба да бидеме максимално фокусирани и со поддршка од навивачите да се обидеме да дојдеме до позитивен резултат. Италијанците на некој начин ќе сакаат да се реваншираат за поразот од Палермо, би сакал да нѐ потценат, но знам дека овојпат нема да биде исто“, изјави Александар Трајковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button