СВЕТ

Трамп до нацијата: Лекот што го добив ќе го направам бесплатен

Доналд Трамп вети дека третманот што го добил за коронавирусот ќе им биде понуден на Американците бесплатно.

Во новото видео објавено на Твитер, претседателот рече:

„Сакам да го добиете она што го добив јас – и ќе го направам бесплатно. Вие нема да платите за тоа. Вие не сте виновни за ова што се случува, тоа е вина на Кина. Кина ќе плати голема цена за она што му го направи на светот“.

На Трамп му беше даден експериментален третман со антитела произведен од „Регенерон“ во петокот, пред тој да биде пренесен со хеликоптер до медицинскиот центар Валтер Рид.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button