ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тркалезна маса за ефектите од пандемијата врз лицата со попреченост

Тркалезна маса и презентација на истражување за ефектите од пандемијата врз лицата со попреченост во Северна Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Фондацијата за демократија на Вестминстер.

На настанот, како што информираат организаторите, воведни обраќања ќе имаат заменик амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Доминик Отвеј, претставникот во земјата за Фондација за демократија на Вестминстер, Дамир Незири и извршната директорка на Хелсиншкиot комитет за човекови права Уранија Пировска.

Во рамки на настанот ќе бидат презентирани и наоди од анализата за ефектите од пандемијата врз лицата со попреченост, изработена од Хелсиншкиot комитет за човекови права.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button