ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учебната година за средношколците завршува утре, за основците на 14 јуни

Утре завршува учебната година за средношколците,  а на 14 јуни  е последниот училишен ден за основците.

Пролонгирањето на учебната година за учениците во основните училишта е поради  продолжениот зимски распуст заради заштеда на електрична енергија за греење на училиштата па  второто полугодие  наместо на 18 јануари почна на 23 јануари.

А  оваа учебна година привршува и без учебници за дел од предметите. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири проблемот со учебниците како оној со македонски јазик за трето одделение го лоцира во недоволната заинтересираност на авторите да се пријават на повиците, па решенија ќе се бараат и преку подготвителни материјали. За грешките во учебниците тој најави дека  ќе се бараат законски решенија за воведување санкции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button