ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Угостителите бараат неповратна државна помош за да може да преживеат

Туристичко – угостителскиот сектор излезе на протест пред Министерството за финансии. Пред зградата на институцијата се собраа неколку стотици бармени, келнери, туристички водичи, диџеи, сопственици на угостителски објекти и туристички агенции. Од пораките на транспарентите кои ги носеа граѓаните на протестот, можеше да се забележи дека очајна е нивната состојба, дека нема повеќе оптимизам, а најмалку верба во ветувањата на властите. Барањата на сите им се идентични, им требаат неповратни финансиски средства.

Се бара еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти, на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност и со месеци немаат никаква помош. Не само за зачувување на работните места туку немаат основни средства за егзистенција и се под закана дека ќе ги изгубат домовите од страна на банки и извршители – изјави Мартин Ангеловски преседател на Туристичко угостителска комора.

Порачаа дека не прифаќаат помош во вид на бескаматен кредит, бидејќи велат на тој начин само дополнително ќе се заглават. Пораката на туристичките работници беше дека нема да дозволат повеќе да се затвори ниту една туристичка агенција.

Не смеете да си дозволите да се затворат туристичките агенции. Веќе е започнато затворање на туристичките агенции, од причина што немаше континуитет на помошта. Како лиценцирана дејност мораме да имаме одреден број на вработени, а за жал тоа не може да се издржи, и нема финансиски средства да се опстои – рече Ана Марија Алексова 5.40 туристички работник.

Незадоволството на угостителско-туристичкиот сектор нема тука да запре, предвидени се протести секој ден до исполнување на нивните барања. Освен неповратна помош, тие бараат и да се донесе моратириум или да се воведе репрограмирање со грејс период на кредитите кои ги имаат подигнато од банките, се додека Владата не им дозволи да работат по старите правила како пред пандемијата.

Иле Петревски

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button