ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

УНЕСКО: Неконтролирани испуштања на езезрото кај Црн Дрим

Дури 4 посто, од вкупното производство на електрична енергија во 2023 година било од Охридското езеро. Ова покажува дека државата и натаму не ги слуша апелите и бројните предупредувања на стручната фела години наназад, да не се игра со нивото на езерото и истото да не го користи за добивање на струја, бидејки на тој начин се загрозува живиот свет во него. Но, од Електрани на Македонија и натаму тврдат дека тоа не влијае не биодиверзитетот во езерото.

„Истекот на водата од Охридското езеро зависи од временските услови и нивото на вода во езерото и истиот може да варира, што овозможува производство на електрична енергија во ХЕЦ Глобочица и ХЕЦ Шпиље. Во 2023 година Охридското езеро учествувало со 3,65 % од вкупното домашно производство на електрична енергија на АД ЕСМ“, велат од Електрани на Северна Македонија.

Од ЕСМ велат дека се врши регулација на истекот на Охридското езеро, преку Црн Дрим. Но, професорите истакнуваат дека доколку овој процес се спроведува разумно, не би требало да има намалување на нивото.

„Охридско езеро редовно истекува преку реката Црн Дрим, тоа е воспоставен процес.И доколку водата разумно се користи не би требало да има намалување по тој основ на нивото.Во Македонија околу 10% од енергијата е генерирана од хидроцентралните, најголем дел е од темоцентралите засега што е многу неповолно“, рече Дејан Трајковски- професор на технички факултет.

И Унеско, во еден од своите извешти од мониторинг мисијата на регионот, посочува дека е потребна контрола на степенот на искористување на водата од езерото за производство на електрична енергија.

„Хидрологијата на езерото во македонскиот дел е погодена од неконтролирани испуштања на езерска вода во реката Црн Дрим, како и од климатските промени, кои се карактеризираат со продолжени суви периоди, без обилни дождови, намалувајќи го нивото на водата. На долг рок, ова може да претставува сериозна закана за целиот еко систем“, се наведува во извештајот на УНЕСКО.

Еколошките активисти бараат ревизија на договорот меѓу Македонија и Алабнија со кој се регулирани котите на Охридското езеро и испустот на вода кај Струга.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button