МАКЕДОНИЈА

Ванковска на средби во општина Центар

Кандидатката за претседател Билјана Ванковска, на средба со граѓани во скопската Општина Центар, истакна дека постои дискриминација во изборниот процес, поттикната од владина одлука. Според неа, денот на изборите, среда е прогласен за неработен ден за јавната администрација, а одлуката не е задолжителна за приватниот сектор. Таа вели дека на овој начин голем број граѓани, особено од Скопје, но кои потекнуваат од градовите во внатрешноста, нема да бидат во можност да го искористат правото на глас.

„Го добивме известувањето од Владата за денот на гласањето, кој е слободен ден само за јавната администрација. Сметам дека тоа е неправедно, не е фер услов. Практично, сите приватни работодавачи ќе можат да им оневозможат на граѓаните да го напуштат работното место, да излезат да гласаат, зависно од нивните околности“, рече Ванковска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button