ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ на протест за промени

ВМРО-ДПМНЕ на протест за промени

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најавува масовен протест во Скопје со цел „обединување против владата“ и отворање на патот за предвремени избори. Од владејачката коалиција сметаат дека сега не е време за избори.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во сабота излегува на протест најавувајќи „борба за промени“, а владините коалициони партнери в недела ќе седнат на заедничка маса за да ги потврдат ставовите дека не е време за предвремени избори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во петокот (17.06) на 32. годишнина од формирањето на партијата, најави во кој правец ќе се одвива делувањето на партијата во наредниот период. Порачувајќи дека овој роденден го одбележуваат во знакот на борбата за промени, тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ се враќа на стабилни патеки и заедно со народот повторно се крева.

„Овие 32 години се времиња поминати на постојана борба, жртва и работа за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија чиј код, своето постоење и своето делување го има посветено на постоењето и делувањето на Македонија. Таквата причинско последична состојба е папочната врвка која го прави ВМРО, сопатник низ времето со сите падови и подеми на нашата Македонија“, рече Мицкоски во видео обраќање.

Христијан Мицкоски повикува на масовен протест и „обединување против лошата власт“

Протест за обединување 

Тој повикува на масовен протест и „обединување против лошата власт која ги загорчува животите на илјадници луѓе“. Според него, ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, но и главната сила која во периодот што следи ќе ги предводи промените. Вакви и слични пораки се очекува Мицкоски да испрати и од митингот во Скопје кој ќе започне во 20 часот.

„Се гледаме на улиците, со срце и сила за Македонија“, вели Мицкоски.

Барањето за одржување на предвремени избори оваа еден е едно од главните барања на опозицијата веќе подолго време. Но, според нив, чашата ја прелеала инфлацијата, лошиот живот и лошата економија. Имајќи предвид дека за неколку месеци од сега нема да се живее подобро, од тој аспект најдобро решение се избори, на кои оваа Влада ќе биде срушена, децидни се од опозициската партија.

„Оваа власт која силно ги узурпира институциите и процесите не е можно да падне со еден протестен собир. Целта на протестот е да испратиме порака на масовност, дека овој народ има свој став, но и да дадеме јасна порака дека вака повеќе не може. Воедно ќе испратиме и порака дека Владата не смее да го игнорира народот и неговата волја, и затоа во периодот што следи ќе бидеме уште погласни и уште поприсутни, и во тој аспект сите опции се возможни“, најави деновиве Мицкоски за ДВ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button