СПОРТ

Во ФК Шкупи оптимисти за пролетниот дел

На средба со новинарите, тренерот Хасан Озер ги откри плановите на ФК Шкупи за пролетната сезона, потенцирајќи дека ќе се бори за првото место во Првата лига, додека приоритет останува европското натпреварување и останување на европската сцена подолго. Тој исто така изрази задоволство од 20-дневните подготовки во Анталија каде одигра четири пријателски натпревари со екипи, за кои верува дека ќе бидат конкурентни во Европа. Во меѓувреме, спортскиот директор, Омер Буњаку потврди дека деновиве очекува да дојде напаѓач од редовите на Шкупи, со кого дополнително ќе ја промовира трката за шампионска титула. Буњаку верува дека оваа сезона тимот од Чаир може да ја освои шампионската титула и дека до последниот здив ќе се борат за трофеј во Првата лига.

„Во Анталија одржавме подготвителна фаза од 20 дена. Задоволен сум од четирите одиграни натпревари и ги пополнивме местата каде што имавме празнини и имавме дуел со екипи што можат да играат во европските натпреварувања следната сезона. Сезоната ја продолжуваме на втората позиција, со 6 бода заостанување зад Шкендија, тие се во пол позиција и треба да трчаме побрзо од нив, да стигнеме до нив, а потоа да ги престигнеме. Секако, меѓу нашите амбиции е и шампионската титула, но главната работа е да останеме во групите во европските натпреварувања“, изјави Хасан Озер, тренер на ФК Шкупи.

„Веруваме дека со овие засилувања што ги добивме, дополнително го засиливме тимот. По трансферот на Дарбое, што е рекорд за Македонија, му го пополнивме местото со Региналдо. И можам да кажам специјално за вас, дека ќе дојде и нов, многу надежен напаѓач. Има 20 години, репрезентативец и сме во последните детали од договорот … …ќе се бориме до последниот здив да станеме шампион и да го донесеме Купот во својот дом!“, рече Омер Буњаку, спортски директор на Шкупи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button