ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Во училиштата да се пушта и албанската химна“

Во отсуство на капитални проекти и инвестиции во образованието, одредени градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, одлучија во училиштата на нивна општинска територија да се интонира државната химна. Вака министерот за образование Јетон Шаќири, одговори на повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, интонирањето на химната да биде задолжително во сите училишта во земјава секој понеделник. Наместо да се занимава со химната, министерот Шаќири го повика Мицкоски да го посоветува градоначалникот на Гази Баба да најде решение за децата Албанци од Идризово.

„Општина Гази Баба иницијативата што ја почна нека ја предаде во секое училиште, да ја оценат и директорите на училиштата и родителскиот совет за да се донесе мислење. Апелирам до лидерот на опозицијата, бидејќи истото барање беше упатено и за комуникација со градоначалникот, за уставното право што го имаат децата на Његош и зошто тој не им го овозможува правото на мајчин јазик што им го дозволува Уставот. Тој треба да знае и да одговори зошто не е можно децата да учат на албански јазик?“, рече Шаќири.

Биљал Касами од Движењето Беса рече дека државната химна не ја отсликува мултиетничката реалност во С Македонија, па затоа не може да се изведува во општините со албанско мнозинство.

„Сè додека е таква реалноста тоа значи или промена на химната на државата и почитување на културната и етничката разновидност или ако се донесе одлука да се интонира, тогаш треба да се почитува мултиетничката реалност на државата и општеството, во населените места со албанско мнозинство или општините, како втора мнозинска заедница, треба да се интонира и албанската химна“, рече Касами.

По општина Аеродром и Гази Баба веќе ја одобри одлуката наставата понеделнички да почнува со интонирање на државната химна. Според општината, целта е децата да имаат почит и љубов кон татковината уште од најрана возраст.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button