ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Време, облачно со дожд, на планините снег
Во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса, врнежи од снег повремено ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи во интервал од 3 до 8 степени.