ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска, облачно со дожд

Во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни (над 20 л/м2) проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 9 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button