ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Променливо облачно, попладне со дожд и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за во попладневните и во вечерните часови се најавува дека на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни со над 20 литри на квадратен метар. Врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи, а ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец кој ќе достигне брзина од над 70 километри на час.

Утринската температура ќе биде од 3 до 10 степени, а дневната од 7 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде променливо облачно, а попладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а ќе дува и засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 8 степени наутро, до 17 Целзиусови степени во текот на денот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button