ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: Новите рестриктивни мерки во интерес на колективно здравје на граѓаните

Воведувањето на рестриктивните мерки од 15 август се важни за на 1 септември децата да почнат на училиште, да имаме успешен попис, да завршат локалните изборите како што треба, порача премиерот Зоран Заев.

Владата донесе одлука за воведување на нови рестриктивни мерки, со цел да се спречи ширењето на новиот делта сој на коронавирусот и  забрзано да не се полнат болниците низ земјава. Премиерот, Заев истакна дека на угостителските објекти им е оставен простор од осум дена да се реорганизираат, бидејќи овој период е на организирање на свадби и веселби со доаѓањето на печалбарите во земјава.

-Значи прослави по 15 нема на затворено, а на отворено и на затворено, коишто ќе работат сите угостителски објекти, театри, концерти, одредени културни настани, семинари или било што ќе може да присуствуваат граѓани, кои што имаат потврда за примена најмалку една доза вакцина. Јасно е дека преку со тоа е испратено пораката за вакцинација и ги поттикнуваме граѓаните да се вакцинираат. Зошто? Заради тоа што тоа е само единствениот лек и начин да се избориме со оваа пандемија, рече Заев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button