ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев: „Загрозени се Договорот од Преспа, Договорот со Бугарија, Охридскиот договор“

Една недела откако најави оставка и го снема од јавноста, премиерот Заев од социјалната мрежа Фејсбук ја обвини опозицијата дека со своите потези ги загрозува договорите со соседите и иднината на државата.

„…има оваа држава свој народ и граѓани и демократи и борци и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново. Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници…“

И по средбата на тесното раководство на СДСМ не беа дадени информации за конкретни одлуки околу оставката на Зоран Заев, како од лидерската, така и од премиерската функција. Контактирани од јавноста, партиски претставници соопштија дека средбата била редовна, без да се разговара за важни прашања. Единствениот од СДСМ кој зборуваше за актуелната политичка состојба е поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, според кого парламентарното мнозинство е стабилно.

Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, немаше конкретен одговор на прашањето дали Владата и понатаму има мнозинство во Парламентот.

Меџити ги отфрли гласините дека и некои пратеници на ДУИ ќе поддржат да ѝ се изгласа недоверба на Владата.

Mefail Ismaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button