ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Завршни зборови за случајот „Меѓународен сојуз“

Обвинителството побара затворски казни за сите обвинети во случајот Меѓународен сојуз. Според обвинителот Трајче Пеливанов, се докажало дека тие ги сториле кривичните дела. Адвокатите пак, побараа да бидат ослободени од обвинение. На Бојан Јовановски му се судеше за измама и перење пари, а поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, таткото на Боки 13, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ се товарат за помагање во делото, а некои од нив и за перење пари. Миле Јовановски дополнително одговара и за неовластено поседување оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button