ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Земјоделството е во криза, поскапеа нафтата, семињата, ѓубривата

Земјоделството е во криза, мерки за помош се неопходни особено кај житните култури, велат земјоделците. Храната поскапува поради високите трошоци на нафтата, ѓубривата и потребите препарати за одгледување на земјоделски производи. Интервентниот план и мерките донесени од страна на Владата помагаат на еден дел од земјоделството, но потребно е да се креираат точно таргетирани мерки, велат од Националната федерација на фармери.

„Бараме да има откуп за државни стоковни резерви, да реагира Владата и тоа за да ни се помогне. Цената моментално на едно кило пченица од првото орање, па до носење до млин, чини од 22 до 23 денари. Ние како земјоделци ако не добиеме цена следната година мислам дека во Македонија нема да има производство на пченица“, рече Синан Мемеди- Национална федерација на фармери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button