На 04.09.2023 во 11.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.Ј.(27) од Тетово и Ш.Ш.(46) од Куманово. Тие се сомничат дека изминатите два дена извршиле повеќе кривични дела.
На 04.09.2023 во Градски парк во Куманово физички нападнале вработени во Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ и им се заканиле со остар предмет. Истиот ден, М.Ј. и Ш.Ш. влегле во угостителски објект на улицата „11 Октомври“ во Куманово и одзеле чанта. Додека, на 03.09.2023 се обиделе да одземат чанта од угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Исто така, кога биле приведени во полициска станица се обиделе со остар предмет да нападнат полициски службеници. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.Read Next
May 26, 2024
Дали ќе се вклучи олеснувач во спорот со Бугарија
May 26, 2024
Опозициските партии во Собранието на Косово имаат различни позиции за тоа дали треба да се одржат предвремени избори
May 26, 2024
Бислимовски не ја исклучува можноста за намалување на цената на струјата
May 26, 2024
Закрепнувањето на економијата се очекува да биде еден од главните предизвици на новата влада
May 26, 2024
Таравари пред одлука дали да го предводи Министерството за здравство
May 26, 2024
Атина не исклучува можност за постапка пред Меѓународен суд поради Преспанскиот договор
May 26, 2024
Гром го остави без струја дебарско-струшкиот регион
May 26, 2024
Сообраќајот непречено, по претежно влажни коловози
May 26, 2024
Најдени се седумгодишното дете и трите лица кои се изгубија кај реката Пчиња
May 26, 2024