ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Албанскиот јазик на полициските униформи, на седница на Владата

Следната недела Владата може да расправа за указот со кој ќе се овозможи имплементација на Законот за употреба на јазиците на полициските униформи и амблеми. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека сè додека законот е во сила, треба да се спроведуваат неговите одредби. Но, Спасовски нема одговор зошто позитивното мислење на Секретаријатот за законодавство во Владата се чека речиси две години за одобрување.

Владата сè уште нема одговор на која седница ќе биде донесен указот за измена на Деловникот за употреба на полициските униформи. Законот за употреба на јазиците, членот 8 гарантира употреба на албанскиот јазик на униформите на органите на редот во општините каде што најмалку 20 проценти од населението зборува јазик различен од македонскиот, односно албанскиот јазик. Законот беше донесен во 2018 година, а освен на полициските униформи, тој не се спроведува нити на униформите на другите органи на редот, институциите и во административните процедури.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button