ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Комисијата за европски прашања ги разгледа предлог-измените на Кривичниот законик

Конечно придвижување кон натамошна постапка во Собранието за измените на Кривичниот законик. На седницата на Комисијата за европски прашања беа разгледани предложените амандмани на Министерството за правда во прво читање. Јавноста долго ги чекаше овие промени.

Тие се предложени од јули минатата година. Новите предлози ги дефинираат кривичните дела засновани на родово насилство. „Демнењето“ се додава како ново кривично дело и ќе вклучува континуирано неовластено гонење, прогон и мешање во друг личен живот, создавање несакани контакти со движењето во просторот каде што се наоѓа некое лице, злоупотреба со користење на лични податоци, користење средства за комуникација, вознемирување или заплашување, предизвикување на чувство на несигурност, вознемиреност или страв кај жртвата. Ана Аврамовска Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жените, смета дека овие предлози се во согласност со Истанбулската конвенција и законодавството на ЕУ.

Аврамовска Нушкова вели дека невладините организации веќе дале конкретни препораки за појасна дефиниција на сексуалното вознемирување на интернет.

Аврамовска Нушкова додава дека за поголема ефикасност во спроведувањето на законските измени ќе треба да има поголема меѓуинституционална соработка, но и на институциите со граѓанскиот сектор. Предложените измени дојдоа по случајот со „Јавна соба“ каде жртви беа претежно малолетни девојчиња, чии лични податоци беа злоупотребени од група во мрежата „Телеграм“. Расправата во собраниската Комисија за овие предлози се одвиваше зад затворени врати поради протоколите против Ковид. Засега не се познати оценките и предлозите на опозицијата. На истата седница се разгледуваат и други измени на Кривичниот законик, според кои, нападот врз новинар или медиумски работник ќе се смета за насилство врз службено лице и ќе се казнува со затвор од една до пет години.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button