МАКЕДОНИЈА

Алијанса за Албанците нема да се приклучи на блокадата , Даути: Ние сме за предвремени избори

Алијанса за Албанците нема да се приклучи на блокадата , Даути: Ние сме за предвремени избори

Мицкоски ги покани и другите партии да се приклучат на неговата идеја. За блокирање досега се изјасни само Движењето Беса. Од Алијанса за Албанците велат дека право на секоја партија е да ја гради својата стратегија, но дека партијата на Села покренала неколку иницијативи во Собрание кои планира да ги заврши.

„Алијанса за Албанците постојано повикува на предвремени парламентарни избори не само затоа што сме во опозиција, туку затоа што тоа што оваа влада сега докажа дека не е способна да ја води државата, ние сме во тотален колапс на многу начини и гледаме на сите страни штрајкови, неправди, кризи и така натаму“, изјави Илире Даути, Алијанса за Албанците.

Најавата на Мицкоски е трн во око за власта. Од СДСМ велат дека со евентуалната блокада на Собранието ќе бидат блокирани многу важни иницијативи за граѓаните.

И за ДУИ блокирањето на институциите нема да биде решение.
„Институционалното насилство и блокада на државата не е во интерес на граѓаните, не им одговара на граѓаните и секако од минатото е докажано дека тоа е погрешна политика. Изразувам длабоко жалење доколку ваквата одлука донесе најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Посакувам да ја преиспитаат својата позиција и ги поканам да се натпреваруваат со идеи и проекти“, изјави Арбер Адеми, ДУИ.

Владејачките партии изјавуваат дека се отворени да зборуваат за добри предлози на опозицијата, но не и за предвремени избори.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button