МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ си подигрува со Собранието

За пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ, одлуката за блокада на Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е подигрување со Законодавниот дом кое почнало да се случува уште пред две години. Во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, говорејќи за блокадата на Собранието, Коциќ вели:

„Блокадата на македонското Собрание трае две години. Две години работиме во услови на пандемија, во светски размери и коишто опозицијата максимално се трудеше да ги искористи со цел да ја блокира работата на Собранието. Ова што вчера започна да се случува би рекол дека е подигрување со Собранието или, да бидам поконкретен, силување на македонската демократија“, рече Коциќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button