СПОРТФУДБАЛ

Бобан Грнчаров, седнува на клупата на Македонија ЃП

Клубот од Ѓорче Петров експресно реагираше по отказот на Тони Џангаровски и за нов тренер на првиот тим го назначи Бобан Грнчаров. 41-годишникот кој имаше богата играчка кариера, како тренер работеше само на клупата на Вардар, меѓутоа сега ќе има задача да избори опстанок со Македонија Ѓорче Петров.

Инаку, Грнчаров ќе биде трет тренер на скопскиот клуб оваа сезона. На почетокот тимот од Ѓорче Петров тргна со Горан Симов, меѓутоа стручњакот пред четири месеци ја напушти функцијата. Негов наследник беше Тони Џангаровски кој тргна солидно, меѓутоа откако впиша шест порази во низа си замина од функцијата.

На табелата во ПМФЛ екипата на Македонија Ѓорче Петров е последнопласирана со 18 бода, два помалку од Брегалница, три од Вардар и шест од првата безбедна Воска Спорт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button