ВЕСТИЗДРАВСТВО

Бројот на заболени со голема кашлица надмина 140

Три нови случаи на голема кашлица во земјава, со што бројот на заболени се искачи на 141. Најголем дел од заболените се на територијата на Скопје. Министерството за здравство ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на болеста. Здравствениот инспекторат ќе врши вонредни контроли во јаслите низ земјава и ќе се запре приемот на невакцинирани деца.

Ќе се проверуваат и вакциналните картички. Министерството за здравство ги повика родителите да ги вакцинираат своите деца како најдобар начин за заштита од болеста. Сепак, некои родители одбиваат да ги вакцинираат своите деца и тие се соочуваат со парична казна од 300 до 650 евра. Според Здравствено-санитарниот инспекторат досега се изречени бројни казни. Некои родители ја плаќаат казната, но и понатаму одбиваат да си ги вакцинираат децата. Останатите завршуваат на суд.

Пред еден ден Комисијата за заразни болести соопшти дека пунктовите за вакцинација во Скопје, каде има најголем број заболени, ќе работат во две смени. Во меѓувреме, стартот на вакцинацијата за возрасните се очекува од 15 март.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button