ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарски експерт: Автобусот веројатно изгорел за 2-3 минути

Бугарскиот експерт за мотори со внатрешно согорување, Васко Пиргов, пред  локалните телевизии трагедијата ја поврза со човечка грешка. Според Пиргов, возачот најверојатно возел со несоодветна брзина, можно е да заспал и почнал да навлегува во крајната десна коловозна лента која се двои во одморалиште. Сепак, тој беше резервиран во изјавата во врска со брзината на автобусот, појаснувајќи дека тахо-картата не може да се пронајде бидејќи е изгорена.

„Автобусот удрил со предната десна гума во знак кој одлетал 35 метри напред. Површината на патот е совршена, автобусот не можело да се излизга. Нема ниту траги од сопирање“, нагласи тој.

Според него, автобусот се движел со над 100 км/ч и возачот не реагирал адекватно. Резервоарот најверојатно пукнал при првиот удар, а поради искрењето од ударот во банкината избувнал пожар. Пожарот започнал од напред, а според полицијата, кај резервните гуми имало канистри со нафта.

„…патот беше полеан со нафта. Претпоставувам дека изгорел за 2-3 минути“, изјави Пиргов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button