ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џабе фанфари – Апликацијата „Стоп Корона“ досега не откри ниту еден случај на ковид-19!

Не е откриен ниту еден позитивен случај со COVID-19 преку апликацијата „Стоп Корона“. Од Министерството за здравство за Алсат потврдуваат дека се покажало оти класичните епидемиолошки истражувања се поефикасни од оваа апликација. За време на лансирањето во април апликацијата требаше да ја инсталираат најмалку 250.000 граѓани, а бројот до август е неколку пати помал.

Министерство за здравство

„Досега не е откриен позитивен случај на корона вирус преку апликацијата. До август оваа апликација ја инсталираа 63.456 граѓани. Целта на оваа апликација беше да се користи како дополнителна алатка за откривање на случаи… Досега епидемиолошките истражувања беа поефикасни.“

За разлика од Министерството за здравство, од Министерството за информатичко општество и администрација, велат дека апликацијата била делумно успешна.

Министерство за информатичко општество

„Оваа апликација помогна граѓаните да се информираат за мерките, протоколите и начинот на заштита од Ковид 19, наместо директно да се алармираат за изолација од можни жаришта на инфекцијата.“

 Еден од проблемите што се појавија, само еден месец по лансирањето на оваа апликација, беше давањето лажни информации од страна на граѓаните, а многумина и не сакаа да ја инсталираат зашто не еба сигурно за безбедноста на личните податоци. Инаку, по избувнувањето на пандемијата, многу држави создадоа слични апликации. Во Германија 20% од населението или над 17 милиони инсталираа т.н. детектор, во Индија слична апликација инсталираа 100 милиони жители, но во САД ваква национална апликација воопшто немаше.

Evi Shkopi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button