ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Досега Советот на обвинители нема разрешено ниту еден обвинител за лошо работење

Прочистувањето или проветрувањето на правосудството, порано познато како Ветинг, за сега ги заобиколува обвинителите. Откако овој процес помпезно го најави министерот за правда, веќе шест месеци Советот на јавни обвинитело нема разрешено ниту еден обвинител за евентуално несовесно работење. Претседателот на ова тело, Ацо Колевски за Алсат посочи дека тие се институција која постапува во втор степен по жалба и дека клучна улога има првостепената комисија за утврдување дисциплинска одговорност во рамки на обвинителството.

„Во моментот пред Советот на јавни обвинители има дисциплинска постапка против тројца обвинители. Ние одржавме седница и во исчекување сме, односно треба да ја донесеме конечната одлука по однос на одлуката која ја донела првостепената комисија“, вели Ацо Колевски, Претседател на Совет на обвинители.

Станува збор за тројца обвинители кои не постапувале кога се случи крвавиот 27 – ми април 2017. Тие веќе беа парично казнети. Колевски смета, дека освен политичките заложби за проветрувања на правосудството, обвинителството има друг проблем – недостатокот на обвинители.

„Согласно систематизацијата треба јавните обвинителства во Македонија треба да ја обавуваат функцијата вкупно 244 обвинители а во моментов оваа функција ја обавуваат 186 обвинители, што значи 58 обвинители недостасуваат. Оваа бројка е сериозна“, додава Колевски.

За разлика од Советот на јавни обвинители, Судскиот совет изминатиов период веќе разреши судии. На списокот се Јово Вангеловски и Лидија Неделкова поранешни претседатели на Врховниот суд. Разрешен е и Владмир Панчевски екс претседател на Кривичниот суд како и судијаката Татјана Михајлова која тогаш го наследи Панчевски. Разрешена е и судијката Софија Лаличиќ која беше дел од аудио бомбите.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button