ВЕСТИЗДРАВСТВО

Државата не знае колку деца не ѝ се вакцинирани против голема кашлица

Надлежните немаат точен број на невакцинирани деца низ градинките во земјава. Министерот за труд и социјална политика вели дека по објавувањето на епидемијата на голема кашлица, инспекторите излегле на терен, но засега не констатирале никакви прекршоци. Но, тој не знае колку деца не ги примиле сите вакцини.

Во меѓувреме, директорката на градинката „25 Мај“ вели дека има невакцинирани деца, но родителите не ги праќаат во градинка.

Бројот на заболени од голема кашлица надмина 100, додека во Град Скопје од 8 февруари е прогласена епидемија. Комисијата за заразни болести препорача градинките да не примаат невакцинирани деца, што го зголеми интересот за вакцинирање.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button