ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Казните за клевета и навреда се очекува драстично да се намалат

Министерството за правда планира да ги намали казните за клевета и навреда. Како што дознава Алсат, Министерството ги заврши подготовките за предложените измени и дополнувања на Законот за граѓанска одговорност и ги достави до Владата, каде што е на увид во јавноста. Предлог законот предвидува казните за оние кои клеветат и навредуваат да се намалат за десет пати, и ако досега, новинар или медиум, за клевета плаќаа казна од 10 илјади евра, со измените на Законот ќе плаќаат илјада евра.

Од Министерството за правда велат дека за време на изготвувањето на амандманите разгледале документи од Советот на Европа, Европската комисија и ОБСЕ, додека примери се Законот од Ирска од 2013 година и законот од Велика Британија во 2009 година. Но, некои експерти велат дека таквата постапка не е добра идеја. Според комуникологот Магдалена Михајловска, намалувањето на казните за клевета и навреда би ја поттикнале нивната употреба.

Михајловска вели дека предлогот за намалување на казните служи само за одредени групи, а не и на граѓаните на Македонија.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за граѓанска одговорност, за намалување на казните за навреда и клевета се очекува да бидат одобрени од Собранието во јули оваа година.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button