ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МПЦ и СПЦ на заедничка литургија за „помирување“ во Белград

Во Белград денеска, како што најави Соборот на Српската православна црква (СПЦ), ќе се одржи првата литургија заедно со Македонската православна црква (МПЦ). Светиот синод на МПЦ вчера на вонредна седница ја прифати поканата од СПЦ и соопшти дека на литургијата на која ќе биде и српскиот патријарх Порфириј ќе учествуваат поглаварот на МПЦ господин господин Стефан и тројцата највозрасни митрополити. Во соопштението на СПЦ оваа литургија е наречена „помирување“.

Претходно, Светиот архиерејски Синод на СПЦ соопшти дека го поздравува прифаќањето на статусот на целосна внатрешна самостојност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Според соопштението на СПЦ, со ова се воспоставува заеднички литургиски и канонски дијалог, бидејќи се отстранети причините за нивното прекинување предизвикани од едностраното прогласување на автокефалност во 1967 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button