ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Над 1.000 првоодделенци се очекува да се запишат во 16-те основни училишта во Куманово

Почна уписот на децата во прво одделение во 16-те основни училишта во Куманово, информираа денеска од Секторот за образование. Уписот е со физичко присуство. Право на упис имаат децата родени во 2016 година, како и оние родени во јануари 2017 година.

– Според податоците на управата за водење на матични книги од каде Секторот за образование ги добива информациите, бројката на ученици кои треба да се запишат во прво одделение изнесува 1.080 ученици, распоредени реонски, изјави раководителот на Секторот, Александар Јовановски.

Споредбено со претходната година, незначително е намален бројот на првоодделенците пред сè како резултат на трендот на иселување и миграција во западноевропските земји, но и падот на наталитетот во земјава. Инаку, согласно новиот Закон за основно образование од 2019 година предвидена е бројка од 20 до 30 ученици во паралелка, а за паралелките со помалку од 20 ученици се бара согласност од МОН. Праксата покажува дека првачињата се запишуваат и во текот на летниот период сè до стартот на новата учебна година

Куманово, како најголема општина во државата има голем број на деца, сметаат одговорните, но и градот не го одминува миграцијата. Надлежните посочуваат дека е важно секое училиште да ги прифати учениците од својот реон. Јовановски апелираше да се почитува реонизацијата при запишување на првачињата, бидејќи во спротивно може да реагира Државниот просветен инспекторат.

– Апелирам јавно и до родителите и до директорите, да се почитува реонизацијата, бидејќи во спротивно ќе има санкции од страна на Државниот просветен инспекторат. Будно ја следиме ситуацијата. Точно наталитетот со години е паднат, миграцијата во државата и нашата општина е во подем, но она што е најважно е дека родителите треба да ги запишат во реонот во кој престојуваат, додаде Јовановски.

Родителите треба да достават копија од извод на детето, потврда за примена вакцина од надлежна установа, потврда од стоматолог, потврда од офталмолог и документ за идентификација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button