ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови дојави за бомби во седум средни училишта

И денеска десетти ден по ред, 7 средни училишта во Скопје се соочија со иста ситуација, воспитно-образовниот процес беше прекинат откако околу 9 часот и 30 минути добија мејлови со заканувачка содржина за поставени бомби . По проверката полицијата соопшти дека се работи за лажна тревога.

„Веднаш по добиените пријави, полициските служби презеле мерки за безбедно евакуирање на училиштата и потоа извршени се детални проверки од страна на антитерористичките контролни екипи при што било констатирано дека се работи за лажни дојави“, наведоа од МВР.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека многу брзо ќе бидат откриени лицата кои испраќаат лажни мејлови до средните училишта. Тој рече дека институциите се максимално посветени и според нив се работи за хибриден напад врз државата.

Е-мејлови со лажни дојави за бомби почнаа да се испраќаат до училиштата од 26 октомври.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button