ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одлуката на Уставен отвора пат за екстрадиции

Дали земјава ќе почне од ново да ги лови бегалците кои избегаа за да не им се суди за случаите на поранешното Специјално обвинителство. Ветер во грб за Министерството за правда е одлуката на Уставниот суд, кој пресече дека амнестијата која екс-претседателот Иванов ја повлече во 2016 – та година бил уставен чекор.

Преку овој став на уставните судии ќе започнат постапки за нови екстрадиции, велат од Министерството за правда. Одлуката на Уставен со која се утврдува дека Иванов, освен да амнестира имал право да повлече помилување, ќе биде еден од клучните елементи во новите барања. Па, така, меѓу првите на списокот за кои ќе се побара да бидат испорачани во земјава се поранешните високи функционери во тајната полиција, Горан Грујевски и Никола Бошковски.

„Ќе се разгледа можноста последната одлука на Уставниот суд да биде повод уште еднаш да се обидеме да им објасниме на грчките органи зошто овие лица треба да бидат екстрадирани во земјава“, наведуваат од Министерството за правда.

Грујевски и Бошковски неразделни во службата и неразделни во бегството, одлучија да пребегаат кај јужниот сосед. Со лажни бугарски пасоши заминаа за Солун, со намера да полетаат за Унгарија. Но, не стигнаа во Будимпешта. Беа уапсени на аеродромот во Солун. Грујевски се скрил зад идентитетот Христо Атанасов, додека Бошковски во Неџби Хасан. Судот во Солун по неколку рочишта одлучи дека двоецот од УБК треба да се испорача во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Но, Врховниот суд во Атина одлучи дека нема да бидат екстрадирани бидејќи биле помилувани од тогашниот претседател Иванов. Сега до грчките власти, Министерството за правда треба да испрати ново барање со одлуката на Уставен и објаснување дека повлеченото помилување било законско и уставно.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button